|
Град Скопје на чекор до светските финансиски пазари |
|
Written by Ivan MIhajlovic
|
|
Friday, 20 March 2009 |
"Град Скопје којшто беше еден од најголемите должници во земјава, во изминатите четири години прерасна во Град со позитивно салдо и поволен и позитивен рејтинг. Имам посебно задоволство денеска да ве информирам дека ова е потврдено и со извештајот на Стандард и Пурс, која е една од трите водечки светски агенции за оцена на финансиската стабилност на институциите, извештај според кој Скопје го доби својот прв позитивен кредитен рејтинг". Вака, скопскиот градоначалник Трифун Костовски вчера, официјално ја презентираше новината дека на Град Скопје му се отвораат можностите за кредитирање и изведување на проекти од капитално значење, како што е трамвајот или пак менување на азбестните покриви, цевки.
- Критики за секоја работа има и секогаш ќе има, но повеќе од среќен сум што оставам Град економски стабилен со голем број завршени и веќе почнати проекти. Пред четири години ја затекнав градската каса со долг од повеќе од 12 милиони евра и уште неколку милиони изгубени во судски процеси. Денеска, на истекот на мојот четиригодишен мандат го оставам растоварен од сите долгови, со обезбедени средства за сите проекти што се реализираат и со околу 6 до 10 милиони евра - рече Костовски. Идејата за добивање на кредитен рејтинг е дел од еден цел проект како Градот полесно да дојде до фондовите на ЕУ за инфраструктурни проекти. Кредитниот рејтинг на фирмите и на државните институции им обезбедува полесен пристап до светските финансиски пазари. |
|
Костовски решен да потпише договор за трамвајот |
|
Written by Ivan MIhajlovic
|
|
Sunday, 15 February 2009 |
Градоначалникот Трифун Костовски најавува дека со сите сили ќе се труди да потпише договор за изградба на трамвајската мрежа пред да си оди од функцијата, и покрај пречките што му ги создавала антикорупциската комисија. Комисијата побарала од градот да и ја достави целата документација за распишаната јавна набавка за изградба на 12-километарска трамвајска пруга, за набавка на пет шински возила и изградба на депото, откако минатата недела препорача да се поништи распишаниот тендер. Од градот велат дека сето ова што го прават антикорупционерите е продолжение на нивното скандалозно однесување и дека ќе им ја достават комплетната документација. Оттаму сметаат дека не ги прекршиле законите, бидејќи иако тендерот бил распишан по 10 јануари, за реализацијата на проектот биле предвидени пари во буџетот на градот, кој бил усвоен во декември минатата година.
|
|
Last Updated ( Sunday, 15 February 2009 )
|
|
СКОПЈАНИ ОСТАНАА БЕЗ КЕЈОТ, СИТЕ СЕ ВАДАТ |
|
Written by Ivan MIhajlovic
|
|
Saturday, 15 November 2008 |
|
Општина Центар се амнестира од одговорност Од Општината велат дека сегашното одобрение за градба е издадено согласно ДУП донесен од Советот на Општина Центар, кога мнозинството било од редовите на СДСМ
Кејот на Вардар веќе десетина дена е ограден со цел да стане градилиште и улица за потребите на новиот објект кај поранешниот Метропол. Во меѓувреме и Градот и Општина Центар се оградуваат од одговорност. И последниот став кој доаѓа од Центар е "дека некој се крие зад вистината, а нападите врз Општината се неосновани клевети за кои во иднина некој ќе сноси одговорност!? - Факт е дека е издадено одобрение за градење на објектот, согласно ДУП од 1997 година, донесен од Советот на Општина Центар кога мнозинство од членовите на Советот беа од редовите на СДСМ. Потоа градежното земјиште за предметната локација беше продадено од страна на Министерството за транспорт на сегашниот корисник и тоа во време кога на власт исто така беше СДСМ, велат од Општина Центар. Од Општината наведуваат и дека е побарано и добиено од Градот согласност за режим за сообраќајот до објектот, а одобрение е издадено и врз основа на пресметка - Договор за платени комуналии, потпишан од инвеститорот и Град Скопје, каде стои дека корисникот се обврзува и согласува со сопствени средства да проектира и изгради подземна улица до објектот на свој трошок, согласно ДУП, како и да ја почне во рок од 6 месеци од добивање на Одобрение за градење и да ја заврши пред добивање на употребна дозвола на објектот. Од друга страна, согласно Законот за градење, пак, не издала акт за оградување на Кејот за потребите на градилиштето. Во меѓувреме не стивнува револт на пешаците, велосипедистите и угостителите кои останаа без најпрометното шеталиште во градот. |
|
Last Updated ( Saturday, 15 November 2008 )
|
|
|
УСВОЕН ДУП ЗА УШТЕ ЕДЕН НОВ МОДЕРЕН КВАРТ |
|
Written by Ivan MIhajlovic
|
|
Monday, 20 October 2008 |
|
Елитна еколошка населба над Бардовци
На површина од 19 хектари над селото Бардовци ќе се гради нова елитна еколошка населба со резиденцијални куќи со дворови, најмногу на два ката. При изградбата ќе мора да се почитуваат современите еколошки стандарди, односно при вградувањето треба да се употребуваат еколошки материјали, да се инсталира соодветна изолација, а за греење да се користи сончева енергија. Населбата над Бардовци ќе биде исклучиво за домување, без други комерцијални содржини, а освен куќите среде населбата ќе се гради мал плоштад со фонтана. Ова е предвидено со Деталниот урбанистички план кој беше усвоен на неодамнешната седница на Советот на Општина Карпош. Целата површина на планот е поделена на 17 мегапарцели и секоја од нив ќе се продава поединечно, што значи дека може да ја градат повеќе инвеститори. Тие ќе имаат слобода просторот да го планираат според нивните желби и замисли. - Ако купувачот или сопственикот сака на цела парцела да има само една куќа, а останатиот простор парковски да го уреди или да му додаде содржини за рекреација, тоа е негов избор. Единствен услов кој треба да го исполнат е почитување на еколошките стандарди при градењето", велат урбанистите од Општина Карпош. Овој ДУП по наредба на Владата го изготви Агенцијата за просторно планирање. |
|
| | << Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 Next > End >>
| | Results 1 - 5 of 35 |
|
|
|
Добредојдовте на nedviznosti.info nedviznosti.info е првиот интернет портал фокусиран во областа на недвижности во Македонија кој овозможува објавување на понуда и побарувачка на недвижности, пристап до најнови информации од оваа област и сето тоа бесплатно!Исто така на nedviznosti.info можете да најдете рубрика на мали огласи, директориум на фирми и компании од Македонија како и можност за видео објава и презентација на недвижности. Сите вести објавени на nedviznosti.info се превземаат од Македонските дневни весници.
|